Вести

  • |

Сингапур, 24.05.2012


Спогодба за воздушен сообраќај помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Сингапур


Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, д-р Дејан Мојсоски и генералниот директор на цивилната воздухопловна власт на Република Сингапур, г. Јап Онг Хенг, денеска во Сингапур ја парафираа билатералната спогодба за воздушен сообраќај и потпишаа меморандум за разбирање меѓу двете земји.

Оваа Спогодба за отворено небо создава правна рамка за промоција на меѓународен воздушен сообраќај врз основа на либерален концепт и конкуренција, а се со цел да и се овозможат на патувачката јавност поголеми можности и избор на услуги, а во истовреме и да се обезбеди највисок степен на безбедност и обезбедување на воздушниот сообраќај од секаков вид закани.

Парафирањето на Спогодбата за отворено небо е и во насока на политиката на ИКАО, која ја промовираат двете земји, за глобална економска либерализација на меѓународниот воздушен транспорт и неговиот развој на конкуренстка основа без никакви ограничувања за сообраќајните слободи, пристапот на пазарот, тарифите, фрекфенциите и капацитетот.

На средбата двајцата директори, ги истакнаа добрите дипломатски односи помеѓу двете земји, и ја потенцираа важноста на парафирањето на Спогодбата, која ќе придонесе за понатамошно подигнување на овие односи, во создавањето потенцијали за можни инвестиции во економиите, развој на туризмот, интерконинентална поврзаност и солидна конекција преку воздушниот сообраќај. Со што пак, дополнително би се влијаело врз унапредувањето на севкупните односи меѓу двете земји и тоа на економски, научен и културен план, и би се зголемиле позитивните ефекти за работата на авиопревозниците, како и поголеми можности за патувачката јавност на двете земји.

Спогодбата за отворено небо предвидува слободна пазарна конкуренција и определените авиопревозници на двете договорни страни да имаат право на сите летови и по свој избор, да вршат сообраќај на кој било или на двата правци, да ги опслужуваат местата помеѓу и местата вон, на линиите во секаква комбинација и по секаков редослед. Во однос на пристапот на пазарот, Спогодбата овозможува авиопревозниците да го пренесуваат сообраќајот од едни на други воздухоплови во кои било места на нивната линија; да комбинираат различни броеви на летови во рамките на една операција на воздухоплов; да користат сопствени или изнајмени воздухоплови.

Во однос на капацитетот, определените авиопревозници на двете договорни страни имаат право да користат во однос на секој тип на сообраќај (патнички, товарен, одделено или во комбинација),

Спогодбата им овозможува на авиопревозниците целосни сообраќајни права од првата до деветтата слобода, до и од кои било места помеѓу или места вон, без никакви ограничувања.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika