Вести

  • |

Скопје, 06.06.2012


Претседателот на ЕКАК, Раду во работна посета на АЦВ


Македонија со најсилен раст во воздушниот сообраќај во Европа

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, д- р Дејан Мојсоски, на 05.06.2012 год оствари работна средба со претседателот на ЕКАК(Европска конференција за цивилно воздухопловство), г-дин Каталин Раду, кој по покана на македонскиот регулатор престојува во тридневна посета на Република Македонија.

Разменувајќи мислења околу актуелните состојби во европското цивилно воздухопловство, на состанокот, двајцата директори, се согласија дека, Република Македонија направи исклучителен и значаен напредок во издигнувањето на квалитетот и капацитетот на воздушниот танспорт. Чекорите кои ги превзема како земја, во делот на либерализацијата на воздушниот транспорт, заштитата на правата на патниците, доведоа до развој на воздушниот сообраќај согласно европските стандарди и меѓународни практики за глобален развој на цивилното водухопловство.

-Перформансите кои ги реализиравме во изминатиот период, не ставаат во листата на држави со најсилен раст во водушниот сообраќај во Европа, каде бројот на патници минатата година се зголеми за 15%, а годинава за 20%.Создадовме и квалитетни услови за оперирање на 30 авиокомпании во редовниот воздушен сообраќај и првпат во Македонија овозможивме влез на нискобуџетни авиокомпании, кои оперираат од македонската престолнина до престижни европски дестинации. Едновремено, склучивме и повеќе меморандуми и спогодби за соработка со повеќе светски земји со кои го трасиравме патот за отворање на македонскиот воздушен сообраќај до светските метрополи.Ја интензивиравме и соработката со европската воздушна зедница и станавме значаен партнер во донесувањето на европските одлуки за европски решенија, што покажавме со претседателствувањето на Република Македонија со организацијата ЕУРОКОНТРОЛ во 2011 година. Активно партиципираме на заседанијата на ЕКАК, со единствена цел, целосна имплементација на европската политика во воздушниот сообраќај во Република Македонија, истакна на состанокот, директорот на АЦВ, Мојсоски.

Приоритет како држава, Додаде Мојсоски, ни е, покрај европската синергија и интеграција во единствениот европски пазар, целосно да застанеме и зад пан европската и глабална либерализација на воздушниот транспорт, со една единствена цел, преку воздушниот транспорт да генерираме во Република Македонија, економски раст и развој, поддршка на туризмот, привлекување што поголем број на странски инвестиции и конечно да ја издигнеме, репутацијата на Република Македонија на светско ниво.

ЕКАК (Европска Конференција за цивилно воздухопловство) е организација во која партиципираат 44 европски држави, вклучително и Република Македонија, и преставува интегриран дел на системот на светската организација за воздухопловство ИКАО, за соработка во сите свери на цивилното воздухопловство.

ЕКАК, е меѓувладино тело, кое е формирано во 1955 година во рамките на Советот на Европа.

www.dnevnik.com.mk

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika