Вести

  • |

14.01.2013


ДОЗВОЛИТЕ НА ПИЛОТИ НА АВИОНИ ЦЕЛОСНО ВО СОГЛАСНОСТ СО JAR-FCL 1


РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

АГЕНЦИЈА ЗА ЦИВИЛНО ВОЗДУХОПЛОВСТВО

ДОЗВОЛИТЕ НА ПИЛОТИ НА АВИОНИ ЦЕЛОСНО ВО СОГЛАСНОСТ СО JAR-FCL 1

Агенцијата за цивилно воздухопловство ги затвори сите забелешки утврдени при повторената стандардизациска инспекција спроведена од страна на Европската агенција за безбедност во воздухопловството (European Aviation Safety Agency – EASA), во делот на дозволите на пилоти на авиони. Европската агенција за безбедност во воздухопловството (EASA) во име на Европската Комисија во септември 2012г спроведе повторена стандардизациска инспекција врз Агенцијата за цивилно воздухопловство во делот на дозволите на пилоти на авиони . Стандардизациската инспекција е спроведена во согласност со (EC) Regulation No. 736/2006. При повторената стандардизациска инспекција утврдено е дека  Агенцијата за цивилно воздухопловство успешно ги затворила сите утврдени забелешки при првичната стандардизациска инспекција спроведена во декември 2010 година.

Имено согласно Final Report Summary on the EASA Combined Standardisation Inspetion (Report ID: COM.MK.09.2012), Aгенцијата за цивилно воздухопловство има постигнато техничко ниво на стандардизација во делот на дозволите на пилоти на авиони,  врз основа на JAA взаемното признавање во областите регулирани со JAR-FCL 1 и JIPs процедурите.

Врз основа на претходно наведеното, би сакале да ги информираме сите иматели на дозволи на пилоти на авиони дека од 01.01.2013 година, Агенцијата за цивилно воздухопловство започна со издавање на новите обрасци на дозволи на пилоти на авиони , кои се целосно во согласност со JAA стандардите.

 

Сите заинтересирани иматели на дозволи на пилоти на авиони кои сакаат стариот образец да го заменат со нов, потребно е да ги достават следните документи:

  1. Пополнето барање за замена на образец на дозвола на летачки персонал (Form LIC/A-75);
  2. Доказ за платена административна такса;
  3. Доказ за платен надоместок (LIC 29.2) во износ од 20 евра во денарска противвредност;
  4. Дозвола;
  5. Фотокопија од лекарско уверение.
  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika