Вести

  • |

18.01.2013


САД ги прекинаа летовите на сите авиони „Боинг-787“


САД донесоа решение за времено прекинување на летовите на „Боинг-787“ (Дримлајнер), кои ќе бидат подложени на преглед за безбедност, по серијата инциденти со овој вид на авиони.

 

- Пред идните летови, компаниите кои користат Боинг-787, ќе треба да ја докажат безбедноста на авионите, соопшти Федералната авијациска администрација на САД.


Авионите од типот „Дримлајнер“ доцнат и откажуваат летови поради истекување на масло и гориво, имаат проблем со акумулаторите и неисправност во сопирачкиот систем.
Со одлуката на Федералната авијациска администрација на САД 30 од 50 авиони „Боинг-787“ во светот засега нема да можат да летаат.

Чилеанската авио компанија „ЛАН Ерлајнс“ соопшти дека ги прекинува летовите на своите три авиони „Боинг-787“ по препораката од САД.

Истовремено, сите авиони од овој тип, кои работат во Јапонија, ќе останат приземјени, пред да биде потврдено дека се технички исправни.

Авијацискиот регулатор на Индија, исто така, соопшти дека и наредил на „Ер Индија“ да ги прекине летовите на сите шест авиони „Дримлајнер“, откако е изразено сомневање за нивната безбедност.

Од компанијата „Боинг“ изјавија дека нивните авиони „Дримлајнер-787“ се безбедни.

- Ние сме убедени дека 787 е безбеден. Ќе ги преземем сите потребни чекори во следните денови за да ги увериме нашите клиенти и патници во безбедноста на „Дримлајнер“ и авионите ќе се вратат во употреба, наведуваат од компанијата.

 

 

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika