Вести

  • |

24.01.2013


Три нови авио компании во летната и зимската сезона ке оперираат од и до македонската престолнина


Три нови авиокомпании доставија барање до Агенцијата за цивилно воздухопловство, за вклучување во редовниот и чартер авиосообраќај во зимската и летната сезона.
Имено, шведската авио компанија AIR SWEDEN AB, од 28 февруари до 30 март, ќе се вклучи во редовниот авиосообраќај од и до македонскиот аеродром Александар Велики. По издавањето на дозволата од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство, компанијата,  ќе дестинира на релација УМЕА (Шведска) Копенхаген (Данска) - Скопје и обратно, два пати неделно, во понеделник и петок.
Компанијата најави вклучување и во летната сезона од редовниот авиосообраќај кон земјава, на истите дестинации и во истите деновиви, до 18 мај годинава.
И Босанската национална авио компанија БХ Ерлајнс, достави барање до Агенцијата за цивилно воздухопловско за вклучување во редовиот авио сообраќај кон земјава од 1 април годинава.
Имено, со летниот ред на летање, компанијата четири пати неделно (во понеделник, среда, петок и недела) ќе оперира на релација Сарајево - Скопје и обратно.
Во чартер графата на зимскиот ред на летање, (од 27 јануари до 31 март), по одобрување на барањето, се вклучува и шпанската компанија Алба Стар Ерлајнс со операции на релација Рим - Скопје - Скопје - Рим.
Од 3 февруари пак до 31 март, во недела, компанијата ќе го прошири спектарот на дестинации и ќе оперира од Рим до Скопје, од Скопје до Базел, од Базел  до Скопје и од Скопје ќе слета во Рим.
 
 
 
  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika