Вести

  • |

09.01.2013


Eurocontrol SLO


11 јан 2013, Брисел Eurocontrol SLO MK

На 04-05 Декември 2012 година заседаваше Привремениот Совет на Eurocontrol Во Брисел, каде присуствуваше македонска делегација предводена од генералниот директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство Г-динот Дејан Мојсоски.
На Советот составен од 39 делегации на земјите членки на Eurokontrol му беа презентирани европски прашања од високо значење. Презентирана беше работаната програма на SESAR, анексите на HLA, Меморандумот за соработка со EASA, Програмата за поддршка на имплементацијата на Single Sky, Бизнис планот на Eurokontrol за периодот 2013-2017, Извештаите на ANSB и NM, и прашања од финансиски и административен карактер.
По завршување на 38-та сесија на Привремениот совет, која беше последна за оваа година, David McMillan имаше поздравен говор до членовите на советот по повод неговото заминување од функцијата Генерален директор на Eurokontrol. Функцијата ја превзема Frank Brenner од 01 јануари 2013 година. Меѓудругото, во рамките на збиднувањата Грузија стана 40-тата земја членка на Eurokontrol.


Starcevic Nebojsa (DG CAD Srbija), Dragan Guricic (DG ACV Crna Gora), Gjorge Ratkovica (DG CAA BHDCA Bosna i Hercegovina), Zivko Poposki (Pretsedatel na MB M-NAV), Katerina Gramosli (Eurocontrol SLO MK), Dejan Mojsoski (DG CAA Macedonia), Nikolet Tagrinski (MB M-NAV).


Од големо значење е да се истакне посетата на канцеларијата за врски на Република Македонија во Eurokontrol од страна на делегациите на агенциите за цивилно воздухопловство од регионот на покана на генералниот директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство - Г-динот Дејан Мојсоски.
На средбата се истакна можност за соработка со цел постигнување на безбедно, сигурно, редовно, ефикасно о еколошки одржливо цивилно воздухопловство во регионот, како и поддршка во процесот на интегрирање во транспортната мрежа на Европа и достигнување на Едно небо за Европа.



Презентација на видеозапис на АЦВ Македонија во Eurocontrol
www.caa.mk

На самиот почеток од 2013 во просториите на Eurocontrol во рамки на новогодишниот коктел, организиран од претставниците на земјите членки кои имаат канцеларии за врски во Eurocontrol, презентирано беше видео изданието на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија. Презентацијата започна со краток видео запис каде беа прикажани убавините за нашата земја, македонски орнаменти, туристички атракции, историски значајни места, проткаено со македонска изворна музика. Ова предизвика огромно воодушевување и интерес за посета на Република Македонија кај присутните. Видео записот насловен ”Достигни го небото” успешно ги рефлектираше сите досегашни достигнувања кои се остварени во воздухопловството во Република Македонија, заради што на крајот наиде на аплауз, пофални зборови и позитивни коментари. Презентацијата беше проследена и од менаџментот на Eurocontrol кој беше присутен, меѓу кои Alberto Varano, директор за ресурси во Eurocontrol, забележа дела воздухопловството во Република Македонија е во чекор со Европа.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika