Вести

  • |

27.11.2013


Работен договор со Европската агенција за безбедност во воздухопловството (EASA)


Работен договор со Европската агенција за безбедност во воздухопловството (EASA)

Агенцијата за цивилно воздухопловство потпиша Работен договор (Working Arrangement- со Европската агенција за безбедност во воздухопловството (EASA), во делот на собирање и размена на податоци за безбедноста на воздухопловите кои ги користат аеродромите на територијата на ЕУ земји-членки, аеродромите на територијата на земјите, кои не се членки на ЕУ, но учествуваат во ЕU SAFA програмата и аеродромите на територијата на Република Македонија.

Предмет и целите на договорот е да се воспостави и одржи висок степен на безбедност во воздухопловство помеѓу земјите кои учествиваат во EU SAFA програмата, како и хармонизиран приод при примената на меѓународните безбедносни стандарди. Договорот, исто така, ги утврдува работните процедури за вршење на инспекции на платформа на странски воздухоплови кои слетуваат на територијата на Република Македонија.

Договор помеѓу Агенцијата за цивилно воздухопловство и ЕАСА

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika