Вести

  • |

02.12.2013


На 6 ноември 2013, АЦВ официјално стана членка на Flight Safety Foundation


Висока делегација предводена од директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, д-р Дејан Мојсоски, присуствуваше на 66-тиот годишен меѓународен самит за воздухопловна безбедност, кој во организација на Flight Safety Foundation, се одржа во Вашингтон, САД, кон крајот на октомври 2013 година. На маргините на состанокот, директорот Мојсоски, оствари срдечна средба со претседателот и извршен директор на Flight Safety Foundation, г. Кевин Хајат, на која, со задоволство беше прифатена иницијативата на Мојсоски, за зачленување на Агенцијата за цивилно воздухопловство во оваа меѓународна непрофитна организација. Веднаш по разговорите, АЦВ ги започна активностите за формализирање на членството во организацијата, чија примарна цел е обезбедување фер, независен експертски водич за безбедност и ресурси во воздухопловната индустрија. На 6 ноември 2013, Република Македонија и официјално стана членка на Flight Safety Foundation.Во Flight Safety Foundation во моментов членуваат повеќе од 1000 организации и поединци од над 150 земји во светот.

 

http://flightsafety.org/join-fsf/members-list

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika