Вести

  • |

11.12.2013


Шести форум на Европската конференција за цивилно воздухопловство (ECAC)


На 11 декември2013г. во Париз се одржа шестиот форум на Европската конференција за цивилно воздухопловна (ECAC)– Економија на аеродромите. На конференцијата присуствуваше директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, д-р Дејан Мојсоски, директорите на воздухопловните власти кои учествуваат на состаноците на ECAC, претставниците на аеродромите и воздухопловните организации од Европа, а меѓу останатите и – Меѓународниот совет за аеродроми на Европа (ACI Europe) и Светскиот меѓународен совет за аеродроми ACI World и претставници на Европската Комисија и EUROCONTROL.

Конференцијата беше отворена од страна на претседателот на ECAC - г. Каталин Раду. Агендата беше поделена во три сесии – Конкурентност на аеродромите, Државна помош и развој на аеродромите и Ограничувања на развој на аеродромите. За време на трите сесии учесниците разговараа за прашањата поврзани со конкурентноста на аеродромите, улогата на аеродромите како стратешка инфраструктура за економскиот развој, финансирање на аеродромите и пристап до капиталите. Исто така, беа презентирани и политиката на Европската Унија во однос на државната помош за аеродромите и перспективите на регионалниот аеродром и авиокомпаниите. Подоцна за време на состанокот на учесниците им беа презентирани потенцијалните ограничувања во однос на растот на аеродромите – усогласување на капацитетот на Управувањето со воздушниот сообраќај (ATM) со капацитетот на аеродромот.

ЛИНК ЗА ГАЛЕРИЈА

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika