Вести

  • |

25.03.2013


Работна мисија за Имплементација на софтверски пакет SOFIA – EASA (Safety Oversight Facilitated Integrated Application)


Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија и Европската агенција за воздухопловна безбедност (EASAEuropean Aviation Safety Agency) случија мултилатерален договор за лиценцирање на неексклузивна основа за пристап, користење и промена за олеснување на безбедносниот надзор, преку воведување на веб – базирана апликација.

 

 Letter for SOFIA Agreement

SOFIA Agreement

Врз основа на склучениот договор, во периодот од 19 до 21 март 2013 година во Агенцијата за цивилно воздухопловство се одржа првата средба помеѓу претставници од истата и тимот на претставници од Европската агенција за воздухопловна безбедност - EASA, во состав од:

г – дин Lynch Wendell, г – дин Carlos Tortosa и г – дин Luc Beaudion.

Целта на нивната посета на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, беше да се започне со работна мисија за имплементација на софтверскиот пакет SOFIA – EASA.

Претставниците на тимот на Европската агенција за воздухопловна безбедност ЕАЅА, објаснија дека софтверскиот пакет SOFIA – EASA во суштина е апликација за база на податоци која е специјално развиена од нивна страна, како алатка за управување односно менаџирање на податоци и надзор и истата е користена од регионални организации за безбедносен надзор, обработка на потадоци и креирање на статистички извештаи. Софтверскиот пакет е веб – базирана апликација и истиот е наменет за помош на органзациите, со цел полесно управување на севкупните процеси за надзор на безбедноста и процедурите во сите аспекти и области на цивилното воздухопловство.

Со имплементација на овој софтверски пакет, Агенцијата за цивилно воздухопловство ќе овозможи полесно извршување на инспекторските задачи, побрз проток на информациите и позитивно ќе влијае врз нивното секојдневно извршување на работни задачи.

Во насока на успешна имплементација на овој софтверски пакет, освен почетната работна мисија планирани се 3 до 4 работни мисии до негово конечно пуштање во употреба. Крајниот рок за конечно имплементирање е дефиниран во договорот помеѓу Европската агенција за воздухопловна безбедност - EASA и Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија како корисник.

На крајот од последниот ден од нивната посета претставниците на тимот на Европската агенција за воздухопловна безбедност – ЕАЅА, ги објаснија понатамошните чекори кои треба да ги превземе Агенцијата за цивилно воздухопловство за успешна имплементација на софтверскиот пакет SOFIA – EASA.
         Имплементацијата на ваквиот пакет е во насока на стандардизација на Агенцијата за цивилно воздухопловство со Европската агенција за воздухопловна безбедност – ЕАЅА и стандардите во воздухопловството на Европската Унија.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika