Вести

  • |

18.04.2013


АЦВ во посета на BHDCA


Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, д-р Дејан Мојсоски кој е во посета на Дирекцијата за цивилно воздухопловство на Босна и Херцеговина во Бањалука, водеше разговори со нејзиниот генерален директор, г. Ѓорѓе Ратковица. На состанокот се разменија мислења за модалитетите на соработка,  за размена на експерти, како и за искуствата на воздухопловните власти на двете земји.

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, д-р Дејан Мојсоски во оваа пригода ја нагласи добрата соработка со воздухопловната власт на Босна и Херцеговина и дека ваквите состаноци се одлична прилика за размена на искуства и за решавање на проблемите од оваа област кои се слични во сите земји на регионот.

        

Господин Ѓорѓе Ратковица, генералниот директор на Дирекцијата за цивилно воздухопловство на БиХ, исто така, нагласи дека соработката со колегите од Република Македонија е на високо ниво и дека ваквите состаноци се прилика постојната соработка да се конкретизира и унапреди. „Имаме многу добра соработка со сите земји од опкружувањето и често се среќаваме на разни меѓународни состаноци и форуми. На овој состанок ги разгледавме сите облици на нашата идна соработка, а пред сѐ можноста за размена на стручен, експертски персонал во сите функционални области на воздухопловството“, рече г. Ратковица.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika