Вести

  • |

29.04.2013


Иницијатива за формирање на заедничка област за давање услуги


        Десет воздухопловни организации од Југоисточна Европа, на 29ти Април - 2013, во Сараево потпишаа писмо со намери за заедничко давање услуги на земјите од регионот, под покровителство на Советот за регионална соработка.

 

Иницијативата има за цел да ја зајакне соработката во сверата на воздушниот транспорт, преку обезбедување сигурни и ефикасни услуги во воздухопловната навигација.

Документот го потпишаа, шефовите на воздухопловните власти на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Република Македонија, Црна Гора, Србија и Унгарија.

  

Писмото со намери, во име на македонските воздухопловни власти, го потпишаа директорот на АЦВ, д- р Дејан Мојсоски и претседателот на Управниот одбор на М - НАВ Живко Поповски

  

Потписниците на писмото со намери, преку оваа иницијатива за заедничка соработка на земјите од Југоисточна Европа, очекуваат конечно да се отстранат бариерите за отворање на косовското небо.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika