Вести

  • |

26.09.2013


Република Македонија и Канада парафираа Спогодба за воздушен сообраќај Air Services Agreement


Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, д-р Дејан Мојсоски во името на Владата на Република Македонија и господинот Мартин Локен по овластување на Владата на Канада, на 26.09.2013 година во Монтреал ја парафираа билатералната Спогодба за воздушен сообраќај помеѓу Република Македонија и Канадa. Парафирањето на оваа Спогодба практично создава правна рамка за промоција на меѓународен воздушен сообраќај со цел да ѝ се овозможат на патувачката јавност поголеми можности и избор на услуги, а во истовреме да се обезбеди највисок степен на безбедност и обезбедување на воздушниот сообраќај од секаков вид закани.

Оваа Спогодба по својата содржина ги следи политиките на ICAO за глобална економска либерализација на воздушен транспорт и неговиот развој на конкурентна основа, со либерален однос спрема сообраќајните слободи, пристапот на пазорот, тарифите, фрекфенциите и капацитетот.

На средбата, Мојсоски и Локен ги потврдија добрите дипломатски односи помеѓу двете земји и потенцираа дека парафирањето на Спогодбата ќе придонесе за понатамошен развој на овие односи, односно да се создаде потенцијал за можни инвестиции во економиите, развој на туризмот, интерконинентална поврзаност и солидна конекција преку воздушниот сообраќај кој би влијаел на унапредувањето на севкупните односи меѓу двете земји и тоа на економски, научен и културен план, позитивни ефекти за работата на авиопревозниците како и поголеми можности за патувачката јавност на двете земји.

Парафирањето на Спогодбата за воздушен транспорт помеѓу двете земји, беше на маргините на 38-та Седница на Заседанието на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство како вонредно значаен настан за светското воздухопловство.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika