Вести

  • |

10.12.2014


АЦВ стана членка на ЈARUS


Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија стана членка на Заедничките власти за донесување регулативи за беспилотни системи  (JARUS) на 1 декември 2014 година.

JARUS е група експерти од националните воздухопловни власти и Европската агенција за воздухопловна безбедност (EASA)  заедно со EUROCONTROL како активен учесник. Оваа угледна организација е отворена за учество за сите воздухопловни власти.

Нејзината цел е да препорачува единствен пакет од технички, безбедносни и оперативни барања за издавање уверенија и безбедно интегрирање на беспилотните системи во воздушниот простор и на аеродромите.

Воздухопловните власти низ светот, на национално или регионално ниво, се вклучени во донесувањето регулативи, издавањето уверенија и оперативното одобрување на беспилотните воздухопловни системи и соодветните екипажи, па затоа во интерес и во полза на овие власти е да ја координираат работата при утврдувањето на техничките, безбедносните и оперативните барања за односните проекти. Целта на JARUS е да обезбеди упатства кои имаат за цел да ѝ помогнат на секоја власт да ги напише своите барања и да се одбегне дуплирање на работата. Доколку се одобрени од властите, овие усогласени упатства, технички и оперативни, би го олесниле процесот на валидација на странски уверенија.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika