Вести

  • |

27.03.2014


АЦВ одобри 141 лет со летниот ред на летање




Со летниот ред на летање кој стапува на сила на 30 март 2014 година, Агенцијата за цивилно воздухопловство одобри 141 лет, кои ќе се реализираат неделно на двата македонски аеродроми. На патувачката јавност ќе и бидат ставени на располагање, 16 операции повеќе во однос на истиот период минатата година.
За прв пат, со одбрение на АЦВ во летната сезона, на релација Скопје Рим и обратно, од мај, седум пати неделно ќе оперира компанијата Ал Италија.
Од аеродромите Александар Велики во Скопје и Св.Апостол Павле во Охрид, во редовниот сообраќај ќе бидат вклучени 14 авиопревозници, со директни авио врски до 25 дестинации, како што се Виена, Белград, Загреб, Истанбул, Љубљана, Цирих, Лондон, Малме, Гетенбург, Ајнховен,Дортмунд, Мимингем, Базел, Венеција,Стокхолм, Брисел, Париз, Келн, Милано,Франкфурт,Рим, Берлин, Цирих и Дубаи.


Најголем пораст, за 18 лета повеќе, во однос на минатата летна сезона, бележи унгарската компанија Визер, која за прв пат оваа сезона во редовниот воздушен сообраќај се вклучи и со операции на релациите Скопје-Брисел, каде ќе оперира два пати неделно. Исто толку пати ќе лета и за Скопје-Париз, Скопје-Келн и Скопје-Франкфурт. Дури пет пати неделно ќе превезува патници од Скопје со Милано и обратно.


Одбрение за оперирање од АЦВ, добија и авиопревозниците во нередовниот ред на летање.Но, АЦВ очекува дополнително зголемување на истата.
Авиокомпанијата Германија Флугелшафт, ќе има еден лет повеќе годинава и ќе лета, покрај до скопскиот аеродром од Брисел и до охридското воздушно пристаниште од Брисел.


Од досега издадените решенија, од 10 јуни до 25 октомври, предвидени се и седум дневни летови на релација Скопје-Анталија. Од 27 јуни до 10 октомври, на патувачката јавност двапати неделно ќе и стои на располагање авиопревоз и од Скопје до Бодрум. Од 2 април до 25 октомври ќе се лета и до Дизелдорф, како и по еден лет ќе биде реализиран до Амстердам.


Заклучно со февруари годинава операциите во воздушниот сообраќај од македонските аеродроми, белажат раст од 7,9 проценти.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika