Вести

  • |

07.04.2014


Директорот на АЦВ, д-р Дејан Мојсоски избран за потпретседател на Комисијата за регулирање на безбедноста (SRC)


Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, д-р Дејан Мојсоски беше избран за потпретседател на Комисијата за регулирање на безбедноста (SRC). Привремениот совет на EUROCONTROL го одобри назначувањето на г. Мојсоски на оваа функција за период од три календарски години (т.е. од 1 јануари 2014г. вклучително со 31 декември 2016г.).

Повеќе информации за Комисијата за регулирање на безбедноста (SRC)

Во 1997г., Министрите на Европската конференција за цивилно воздухопловна (ECAC) воспоставија формален механизам во Европа за мултилатерален развој и хармонизација на безбедносниот регулаторен режим на Управувањето со воздушниот сообраќај (ATM), одделно од давањето на услугите, во рамките на целосниот приоден систем за воздухопловна безбедност.

Постојната комисија на EUROCONTROL согласно имплементираната Ревидирана Конвенција на  EUROCONTROL, ја воспостави Комисијата за регулирање на безбедност (SRC) како независно тело на Агенцијата EUROCONTROL за да обезбеди советување а се со цел да осигура постојани високи нивоа на безбедност во управувањето со воздушниот сообраќај (ATM) во рамките на областа на ECAC. SRC поднесува извештај до Постојаната комисија на EUROCONTROL преку Привремениот совет за сите прашања поврзани со безбедносното регулирање на ATM, вклучувајќи ги и препораките за подобрување на безбедноста при ATM.

Комисијата за регулирање на безбедноста (SRC) ја презема работата на EUROCONTROL во полето на безбедносното регулирање на ATM во целата област на ECAC и е составена од високи извршни директори од рамките на организациите одговорни за  безбедносните регулативи на АТМ на национално ниво.

SRC е одговорена за развој и имплементација на хармонизираните безбедносни регулаторни цели и барања за Европското управување со воздушниот сообраќај (АТМ) и обезбедувањето на нивната ефективност преку мерките за безбедносните перформанси.

SRC е составена од земјите-членки коишто се во можност да бидат преставувани во Комисијата, и да назначат Комесар, под услов сите кандидатури да бидат одобрени од страна на Привремениот совет и избраните кандидати да бидат искусни извршни директори од организациите одговорни за безбедносните регулативи за АТМ. Секој комесар може да биде придружуван од советници.

Покрај тоа, Европската комисија, ЕАSA, ECAC и ICAO, заедно со регулаторни власти од земјите-членки на ECAC кои не се земји-членки на EUROCONTROL можат да учествуваат како набљудувачи. SRC има право да одлучи да покани, други соодветни организации во улога на набљудувачи, доколку е возможно, а кои можат да придонесат во работата на SRC.

 Предземете го Писмото на ЛИНКОТ

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika