Вести

  • |

03.04.2014


Информација, Oтворање на горниот воздушен простор над Косово


Почитувани,

Денешното отворање на горниот воздушен простор над Косово, ќе овозможи  повеќе прелети за Македонија, зголемени приходи од над два милиони евра, како и пониски цени на авиобилетите.


Според проценките на директорот на АЦВ, д-р Дејан Мојсоски, деблокадата на горниот воздушен простор над Косово, што се случува по 15 години, ќе привлече повеќе авиокомпании со што ќе се зголеми конкуренцијата. Се очекува зголемување на прелетите за најмалку 20 отсто, односно до 50 отсто во екот на сезоната. За толкав процент треба да се зголемат и  приходите.


Тоа, според првиот човек на АЦВ, ќе овозможи да се намалат цените во воздухопловниот транспорт и на цените на билетите за македонските патници што ќе ги плаќаат за патувања на европските и на светските дестинации бидејќи ќе се зголеми конкуренцијата меѓу авиокомпаниите - вели Мојсоски, кој ја истакна и важноста за дефрагментација на воздушниот простор во регионот и создавање најкуси и најфлексибилни авиорути.


Зголемениот буџет, смета Мојсоски, ќе се искористи за инвестиции во воздухопловниот сектор, како и за намалување на цените на услугите.


Контролата на летање на Македонија годишно во просек опслужува од 110.000 до 130.000 прелети на македонскиот воздушен простор. Проценките се дека со отворањето на косовското небо ќе има дополнителни 26.000 прелети.


Контролата на летањето на косовскиот воздушен простор  од крајот на 2011 година и е доделена на унгарската воздухопловна навигација (Хунгаро контрол).


М-НАВ ќе помага со обезбедување радарска слика и комуникациските врски ќе им ги даде на користење на унгарските колеги.


Директорот на ЕУРОКОНТРОЛ Франк Бренер, смета дека, отворањето на воздушниот простор над Косово преку КФОР секторот е добар пример за годишна заштеда од 370 наутички милји, односно заштеда околу 24.000 тони гориво или 75.000 тони јаглерод диоксид. - Отворањето на воздушниот простор е одличен пример за соработка на цивилниот со воениот сектор и користење на истите рути, што не е вообичаен начин на функционирање, изјави Бренер.


Воздушниот простор над Косово беше затворен за прелети на цивилни авиони од 1999 година по бомбардирањето на Србија од страна на НАТО. Со тоа беше воведено ограничување за прелетувања на цивилни авиони на висина над 8.700 метри. За авиокомпаниите забраната значеше летање по подолги рути и со повисоки трошоци.



Служба за информирање на АЦВ

       

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika