Вести

  • |

13.06.2014


АЦВ нема долг кон УЈП


Во врска со објавената информација на официјалниот сајт на УЈП, дека Агенцијата за цивилно воздухопловство е должник по основ на неплатен ДДВ за 2013 година, во висина од 7.476.110 денари (околу 122.000 евра) Ве информираме дека,  Решенијата на УЈП со кој АЦВ е задолжена за плаќање данок се поништени во целост по претходно водени управни спорови по тужби поднесени од АЦВ.

 Имено, со пресуди на Вишиот Управен суд поништени се решенијата на Министерство за финансии - Управа за јавни приходи РД - Скопје за данок на додадена вредност.

 Исто така УЈП нема пратено известување до АЦВ, 15 дена пред објавување на листата на должници согласно член 9 став 6 и 7 од Законот за даночната постапка за да може Агенцијата за цивилно воздухопловство, да ја стави во листата на должници со претходно проверени и ажурирани податоци.

 АЦВ, писмено реагираше и до УЈП на објавената информација на должници , со барање за бришење на Агенцијата за цивилно воздухопловство како објавен должник.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika