Вести

  • |

09.06.2014


Потпишан Меморандум за разбирање помеѓу Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија и Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Словенија


Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија д-р Дејан Мојсоски со в.д. Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Словенија г. Санди Кнез денеска, 09.06.2014 година, во Љубљана потпиша Меморандум за разбирање, со цел зајакнување на регионалната соработка во областа на цивилното воздухопловство како и подобрување на ефикасноста и ефективноста при примената на барањата од областа на безбедноста дадени во Спогодбата ЕЗВО. 

Со потпишувањето на Меморандумот за разбирање двете воздухопловни власти ја продлабочуваат соработка при користењето на ресурсите во однос на стручен персонал, експертиза во одредени аспекти на цивилното воздухопловство како и документација. Овој Меморандум за разбирање воедно ги покрива и областите во поглед на програмите за обука, испити и лиценцирање; операциите поврзани со лет и аеродроми; пловидбеност и регистар; потрага и спасување како и работите поврзани со Националните надзорни власти (NSA) и Службите за воздушна навигација (ANS).

ЛИНК ЗА МЕМОРАНДУМ

ЛИНК ЗА ГАЛЕРИЈА

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika