Вести

  • |

01.08.2014


Број на патници на македонските аеродроми


Пола милион патници во првата половина од годинава поминале низ двата македонски аеродроми

Интензивниот раст во бројот на патници на двата македонски аеродрома продолжува и во првата половина од годинава, кога низ „Александар Велики“ и „Апостол Павле“ поминале 559.779 патници. Ваквите статистички податоци укажуваат на зголемување од 18,5 отсто споредено со истиот период лани.
Само во јуни, низ двата аеродрома поминале 126.430 патници, што е за 18 отсто повеќе отколку ланскиот јуни, кога имало 107.178 патници.

Најбарани и најфреквентни дестинации за патувачката јавност и натаму остануваат Истанбул, Цирих, Виена, Лондон и Малме.

Позитивен тренд, има и кај бројот на летовите од аеродромите. Лани во јуни имало 1.176 полетувања и слетувања, а во јуни годинава - 1.342, што е пораст за 14 отсто. Во првите шест месеци од 2013 година имало 5.740 движења, а во периодот од јануари до јуни годинава тој број е 6.331, што е подобрување за десет отсто.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika