Вести

  • |

01.09.2014


Потпишан Меморандум за разбирање меѓу воздухопловните власти на Република Македонија и Република Турција


Директорот на АЦВ, д- р Дејан Мојсоски и директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Турција г-дин Билал Екси, денеска во Дубровник потпишаа Меморандум за разбирање.

Документот, кој беше парафиран за време на Специјалниот состанок на генералните директори на агенциите за цивилни воздухопловства на 44 земји членки на ЕКАК,  има за цел, да ја зајакне регионалната соработка во областа на цивилното воздухопловство, како и да ја подобри ефикасноста и ефективноста при примената на барањата од областа на безбедноста, дадени со Спогодбата за ЕЗВО.

Со потпишувањето на Меморандумот за разбирање, двете воздухопловни власти ја продлабочуваат соработката при користењето на ресурсите во однос на стручен персонал, експертиза во одредени аспекти на цивилното воздухопловство и документацијата на истото. Овој Меморандум, ги покрива и областите во делот на безбедноста и сигурноста на воздушниот сообраќај, програмите за обука, испити и лиценцирање, операции поврзани со летање и аеродроми, пловидбеност и регистар, потрага и спасување, како и сегментите поврзани со Националните надзорни власти и Службите за воздушна навигација.

Потпишувањето на Меморандумот за разбирање со турските воздухополовни власти е резултат и на зголемениот обем на сообраќај кој го реализираат редовните и чартер авиопревозници кон Република Македонија, како и на остварените инвестициите  во комплексот на цивилниот воздушен сообраќај.  

Меморандум со Република Турција

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika