Вести

  • |

08.09.2014


Регионален ворк шоп за безбедноста во воздухопловството


Во организација на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија и Европската организација за безбедност во воздушниот сообраќај - ЕУРОКОНТРОЛ, на 9 и 10 септември во Охрид ќе се одржи регионален ворк шоп за безбедносната култура во воздухопловството.

Ќе учествуваат правни експерти од државното обвинителство и од судството, воздухопловни експерти, менаџери и оператори, претставници од ЕК, ЕА5А и даватели на услуги на воздухопловна навигација од: Македонија, Словенија, БиХ, Бугарија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Албанија и Косово.

Целта е да се подигне нивото на безбедност, односно на безбедносната култура во воздухопловството и тоа не само во национални рамки, туку и во регионална и паневропска перспектива. И сето тоа за проценка на можностите за усвојување на државна воздухопловна обвинителна процедура врз основа на моделот развиен од страна на ЕШОСОМТРОЕ. А, безбедносната култура во оваа област ја опфаќа воздухопловната безбедност како приоритет број еден, системите за управување со безбедноста и известување во случаи на инциденти и како тие ќе се анализираат и третираат во судството - вели првиот човек на АЦВ Дејан Мојсоски.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika