Вести

  • |

15.09.2014


Состанок во Скопје- Воведување систем за сателитска навигација што ќе овозможи полетување и слетување на скопскиот и охридскиот аеродром во услови на магла


Вклучувањето на Македонија во европскиот систем, е проект од паневропска димензија од кој бенефит ќе имаат цивилните воздухопловства од регионот и пошироко

Воведување систем за сателитска навигација што ќе овозможи полетување и слетување на скопскиот и охридскиот аеродром во услови на магла, беше тема на дводневниот состанок, на највисоките воздухопловни власти од Македонија со директорот на Директоратот на Директоратот за Единствено Европско Небо при ЕУРОКОНТРОЛ, г-дин Лук Титгат, како и со уважените гости, г дин, Уго Челестино, службеник за креирање стратегија за безбедност на сателитска навигација при Европската комисија, г-ѓа Кармен Агилера, службеник за развој на воздухопловниот пазар при Европската агенција за глобалниот систем за сателитска навигација, г-дин, Лоренцо Бела Помлад, експерт за сателитска навигација при Еуроконтрол, г-дин Ричард Фарнвор, одговорно лице за пристап со радарска навигација при Еуроконтрол.

На состанокот во Скопје, кој се реализираше во организација на Агенцијата за цивилно воздухопловство активно учество земаа и преставниците на македонската навигација М НАВ, и на авиокомпаниите кои оперираат во земјава, Визер ЕР, Туркиш Ерлајнс, Адриа ервејс, Аустриан ерлајнс, Кроација ерлајнс.

Осврнувајќи се значењето на проектот за воведување систем за сателитска навигација што ќе овозможи полетување и слетување на скопскиот и охридскиот аеродром во услови на магла за развојот на македонското цивилно воздухопловство, директорот на АЦВ, д-р Дејан Мојсоски, во своето воведно излагање истакна дека, цел на Македонија е да се вклучи во европскиот сателитски систем и за тоа имаме целосна поддршка и како паневропска земја и како земја членка на Еуроконтрол. Практично, нагласи Мојсоски, на овој начин за неколку месеци треба да го започнеме процесот кој ќе значи осовременување на системот за контрола на летање и аеродромската инфраструктура во Македонија.
Според него во моментов се разгледува моделот на кој Македонија ќе може да аплицира и во разумен рок да добие насока за натамошна имплементација на системот.

Станува збор за нова технологија која почна сериозно да се применува од пред една година и сметам дека ние се вклучуваме во право време, односно веднаш по дефинирањето на проблемот. Сега сме во првична фаза во која ќе се направат сите оперативни, технички и финансиски анализи и ќе се одредат неопходните човечки ресурси, порача директорот на АЦВ.

На крајот од своето излагање пред присутните, Мојсоски уште еднаш нагласи дека, вклучувањето на Македонија во европскиот систем за сателитска навигација е проект од паневропска димензија од кој бенефит ќе имаат, не само цивилните воздухопловства и авокомпаниите од земјава и регион, туку и севкупната патувачка јавност.

А во моментов, Македонија, смета тој, ги исполнува сите предуслови за имплементатација на проектот, располага со квалитетни технички можности за операционализација на системот, има одлична покриеност на сигналот, Мекедонија е земја кандидат за членство во Европска унија, е рамнпоравен член на Еуроконтрол и е потписник на Европскиот договор (ECAA).

За директорот за единствено европско небо при директоратот на ЕУРОКОНТРОЛ, Лук Титгат, дводневниот состанок во Скопје, е од исклучително значење,  а престојот во Скопје, за него преставува пример за европската соработка, преку кој би се деблокирал авионскиот транспорт секаде во Европа.
- Доаѓањето со авион во Скопје не беше секогаш лесно. Во минатото многу летови беа откажувани и имаше поплаки од многу патници. Затоа е неопходно да овозможиме патниците лесно и евтино да можат да ја посетуваат вашата земја. Подготвени сме да ги споделиме неопходните нови технологии и решението што го нуди глобалната сателитска технологија да биде достапно и кај вас, рече Титгат.
Тој истакна дека семинарот ќе претставува пример како може секаде во Европа да се воведе новиот систем.

По дводневното опсежно разгледување на можноста за воведување на систем за сателитска навигација што ќе овозможи полетување и слетување на двата македонски аеродроми во услови на магла, присутните гости, донесоа неколку заклучоци:

1.Да се отвори можноста за паневропска интеграција врз основа на Рамковниот соговор меѓу ЕУРОКОНТРОЛ и Агенцијата за сателитска навигација на ЕУ

2.Да продолжи соработката и координацијата меѓу авиокомпаниите, М НАВ, ТАВ, АЦВ и Агенцијата за сателитска навигација при Европската унија, Европската комисија и ЕУРОКОНТРОЛ за изнаоѓање соодветен модел за имплементација на проектот BEYOND, за кој во ноември 2014 година ќе има отворен повик за вклучување на сите земји од регионот

3.Да се разгледа можноста за регионална соработка и вклучување во проектот на што поголем број земји, со што проектот ќе добие регионална димензија, но и ќе се овозможи регионална интеграција.

Со цел, реализација на овие три клучни активности, да се формира работна група, во која ќе бидат номинирани преставници од Агенцијата за сателитска навигација при Европската унија, Европската комисија и ЕУРОКОНТРОЛ, АЦВ, М НАВ и ТАВ кои ќе работат на изнаоѓање на соодветен модел за имплементација на проектот.

Погледнете ја галеријата

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika