Вести

  • |

03.11.2015


Инспекторите во АЦВ со современо софверско решение, брзо, ефикасно и безбедно ќе вршат прибирање и обработка на податоците од терен


Зголемена ефикасност во работењето, брзо, безбедно и лесно прилагодливо управување со податоци, во функција на поголема продуктивност, флексибилност и сигурност во работата на Агенцијата за цивилно воздухопловство, се само дел од придобивките на новиот систем за унапредување на контролата и инспекцискиот надзор на вработените во АЦВ, кој е во фаза на подготовка и наскоро треба да биде имплементиран во соработка со ДУНА компјутери.

Системот ULTIMA® CRM, преставува унифициран и интероперабилен систем, прилагоден на потребите на АЦВ, во функција на прибирање и користење на хетерогените податоци на инспекторите  од терен и подредување во „Листи за проверка“.Новото софтверско решение, ќе ги обработува, собира и менаџира податоците во дефинирани извештаи, ќе нуди различни типови на визуелизација на податоците во вид на дијаграми, прикажување на мапа, графици, табели и слично, во согласност со надлежноста на инспекторскиот, раководниот и менаџерскиот тим во АЦВ.

Новиот високо софистициран електронски систем на управување со податоците, ќе го зголеми нивото на ефикасност во  работењето на АЦВ, но едновремено и ќе овозможи брзина и квалитет во услугите кои им ги нуди на своите ценети клиенти од воздухопловната индустрија.

 Мониторирањето на задоволството на клиентот од извршените проверки од страна на инспекторот ќе се реализира преку иновативен, напреден и автоматизиран систем ULTIMA® Customer Relationship Management (CRM), исто така развиен од Дуна Компјутери, водечка македонска IT компанија која што обезбедува целосни решенија за интеграција и одржување на компаниите.. Пакетот ULTIMA® е препознатливо ERP решение на македонскиот и регионалниот пазар  кое што содржи интелигентни софтверски алатки кои ги спојуваат сите бизнис функции и процеси во еден систем и овозможуваат поголема продуктивност, флексибилност и сигурност во работата.

15 те IPAD, на кои ќе биде инсталирано софтверското решение изготвено од ДУНА комјутери, како и 18 комјутери со најнов тип на процесори, се донација за АЦВ, од Турската интернационална Агенција за соработка и развој (ТИКА).

Донацијата на новата кокјутерска опрема за македонскиот регулатор, е во функција на брзо, безбедно и ефикасно реалзирање на активностите инспекциските надзори, како и на останатиот персонал во АЦВ.

 

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika