Вести

  • |

14.04.2015


Корчагинци во посета на Агенцијата за цивилно воздухопловство


На 02.04.2014, четврток, неколку претставници од I-5, заедно со професорката по предметот иновации и претприемништво, Татјана Голчева, ја посетија агенцијата за Цивилно воздухопловство. Учениците Лина Иванова, Марина Главче, Александра Зогравска, Теодор Граматниковски, Дафина Андонова,  Ангел Стефковски и Виктор Садиковиќ, кои го сочинуваат бордот на директори на фирмата "Korchagin's Secret" имаа чест и задоволство да се запознаат и со практичниот дел од предметот Иновации. Тие беа дел од приказната за успехот, трудот и работата на директорот на оваа агенција Горан Јандреоски. Инаку главната цел на оваа државна администрација е да се обезбеди безбеден и ефикасен воздушен транспорт во Република Македонија, односно да се постигне сигурно, редовно, економски и еколошки одржливо национално цивилно воздухопловство, кое ќе биде во согласност со меѓународните стандарди и Европската унија.
 

Г-дин Јандреоски за прв човек на АЦВ, доаѓа од позицијата менаџер за одржување во ТАВ Македонија, функција која ја обавувал од март 2010-тата година. Дипломирал на Факултетот за електротехника и информациски технологии на Универзитетот Св. “Кирил и Методиј” во Скопје, каде и магистрал во областа на елетротехниката и информациските технологии., со магистерскиот труд насловен како: "Мерни инструменти во опремата за мерење коефициент на триење на полетно слетна патека. Во 2013 година завршил и МБА за воздухопловство на Универзитетот Дунав во Кремс - Австрија Во неговото професионално портфолио, има набележано серија на работни обврски кои ги обавувал на аеродромите во Скопје, Охрид и Загреб, во делот на одржување на аеродромската инфраструктура, терминалните и административните згради, специјалната опрема и имплементација на стандардите за еколошки одржлива животната средина. Низ својата долгогодишна професионална кариера, Јандреоски, се стекнал и со низа на меѓународни сертификати во повеќе свери од професионалното работење Поседува и Сертификат за инспектор за национална безбедност на Аеродроми, издаден од AirEuroSafe, а го посетил и тренинг курсот за управување и оддржување на возилото тестер за коефициент на триење на писти. Од 2007 година до 2010 година, бил вработен во Јавното претпријатие за аеродромски услуги. Од 1995 до 1997 година, пак, професионално бил ангажиран како инжинер за информатика, во компанијата за дистрибуција на нафтени деривати “Макпетрол” во Скопје. Професионален ангажман Јандреоски бележи и во компанијата ГАМА, во Одделот за гасификација.


Учениците од средното училиште „Раде Јовчевски Корчагин“, искористувајќи ја секоја можност за плус знаење, поставуваа прашања за кои директорот беше отворен и не се двоумеше да ги одговори.
Нашиот соученик и член на бордот на директори, Теодор Граматниковска, се заинтересира дали и колку на еден човек од таква позиција му помогнале искуствата од секојдневниот живот? Одговорот беше очекуван и исполнет со највисоки зборови за личните доживувања. Тој го посочува “street life” како највлијателно и тврди дека неговото искуство често пати се докажало како корисно и е нешто што човек не може да го стекне во училишните клупи. Секоја работа, секој труд е поен плус за нас, да се доградиме како личности се со цел да ја постигнеме највисоката функцијата која може да биде во наши раце, додава Јандреоски.

Виктор Садиковиќ понесен од желбата за успех и упорност  на директорот, вели дека во него голем впечаток оставиле зборовите за патот до успехот. Г-дин Јандреоски, рече дека секој човек мора да биде упорен, вреден и пред се самоуверен во остварувањето на своите животни цели. Пример за тоа е токму самиот тој. Неговата упорност и желба за успех го одвеле на највисоко ниво. Во ист момент бил генерален директор на три исклучително големи аеродроми во Скопје, Охрид и Загреб, а денес тој е на највисоката позиција во АЦВ. Како и да е, и покрај огромните обврски во бизнисот и работата, тој вели дека секогаш пронаоѓа слободно време кое го посветува на своето семејство и своето хоби, односно возење мотори. Исто така голем доказ за неговата успешност како човек од ваква мала земја како Македонија е тоа што тој е еден од ретките луѓе во светот кој е дел од Ферари клубот а воедно е пријател на легендарниот Михаел Шумахер.
Нашата претставничката на делот од компанијата, Александра Зографска го посочи прашањето дали една држава ,како Македонија, може да пружи образование кое што е светски прифатено? Како стручно лице, директорот со пофални зборови го издигна нашето образование, додавајќи дека самиот тој никогаш не заостанал зад луѓето од другите европски земји. Како надоврзување на овој одговор, нашата соученичка Марина Главче, го постави прашањето за тоа каде, господинот директор се стекнал со своето средно образование? Неговиот одговор беше” Орце Николов” и тој додаде дека тоа му бил најубавиот период од животот.
Лина Иванова, генералниот директор фирмата "Korchagin's Secret", го изнесе прашањето дали постои некоја значителна разлика помеѓу приватна фирма и државна администрација? И секако, одговорот на директорот беше да. Одговорноста е многу поволема во една државна институција, а особено на една ваква позиција, каде треба да се грижиш и да одлучуваш за безбедноста.


Како за крај, нас како претставници на бордот на директори на нашата фирма, ни претставуваше огромна чест и задоволство да бидеме дел од оваа успешна приказна која што во нас влеа мотив плус, за остварување на нашите цели и замисли во нашата иднина.


 

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika