Вести

  • |

06.04.2015


Поддршка за финансискиот план на АЦВ од Комисијата за транспорт


 Агенцијата за цивилно воздухопловство годинава планира приходи во износ од 140.590.000 денари.

Со Предлог годишниот финансиски план на АЦВ, што денеска го поддржа матичната собраниска Комисија, приходите по основ на користење услуги на воздухопловна навигација се планирани на износ од 130.300.000 денари.

АЦВ, според финансискиот план,  предвидува приходи од надомест за преглед на воздухоплови  во износ од 2.000.000 денари, од аеродроми и аеродромски услуги 1.000.000 денари, надоместоци за сертификација 740.000 денари, за користење полетно-слетната патека за возење, односно  полетување, слетување и осветлување 4.000.000 денари, за издавање, продлжување, обновување и промени на уверенија, сертификати, дозволи 900.000 денари.....

Според директорот на АЦВ Горан Јандреоски, Агенцијата годинава ќе нема приходи по основ на концесиски надомест за користење аеродроми затоа што концесионерот, турски ТАВ, минатата година претплатил. 

- Во април 2014 со отворањето на косовското небо Македонија беше држава којашто имаше најголем број зголемување на прелети во Европа, од 30,4 проценти, и е со тенденција за покачување. Во април практично ќе се споредуваме со истиот месец во 2014 година каде што сме го постигнале максимумот  со отворање на косовското небо. Тоа значи дека имаме тенденција на пораст, но нема да биде толку значлителен како лани. Оттаму произлегуваат бројките за зголемување на расходната страна поради приходната, рече во образложението на годишниот финансиски план Јандреовски.

Расходната страна, како што рече, се базира на неметеријални средства, постројки, алати и трошоци за метаријали за електична енергија, транспортни услуги, наем на опрема и останати услуги и трошоци  за амортизација и трошоци за членови на управен одбор, осигурување, плати и надоместоци,....Ставката за спонзорство и донаци е нула. Двете страни се избалансирани, наведе директорот на АЦВ. 

Годишната програма за работа и развој на АЦВ за 2015, што исто така беше усвоена од Комисијата за транспорт, е базирана на очекуваното стапување во сила на Спогодбата за заедничка воздухоплова област и носење нејзин нов анекс. Меѓу другото, се планираат посети од меѓународни институции кои го утврдуваат нивото на работење на АЦВ, проширување  на билатерални договори со што се овозможува летање на странски авиокомпании кон и од Македонија

 

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika