Вести

  • |

13.05.2015


Работен состанок, во организација на АЦВ и EUROCONTROL, во Скопје


На иницијатива поттикната од канцеларијата на АЦВ во Брисел, а поддржана од регионалните канцеларии на агенциите, ќе се отвораат нови воздушни линии кои ќе поминуваат низ македонското небо

Идните чекори за зголемување на регионалната соработката во насока на подобрување на воздушниот сообраќај меѓу земјите од Југоисточна Европа,.беа тема на дискусија на денешниот работен состанок, кој во организација на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, а во соработка со EUROCONTROL, се одржа денеска во хотелот Александар Палас во Скопје.

На состанокот на домашните и меѓународни воздухопловни власти, учество земаа директорот на EUROCONTROL, г-дин Франк Бренер како и голем број високи претставници на воздухопловните власти на земјите од Балканот и пошироко.

Осврнувајќи се на новите концепти за зголемена регионална соработка и развој на воздушниот сообраќај, директорот на Агенцијата за цивилно воздухоловство, г дин Горан Јандреоски, нагласи дека, бројот на прелети над Македонија во првите четири месеци од годинава споредено со истиот период лани е зголемен за 27,6 проценти, со тенденција за продлжување на ваквиот позитивен тренд.

- По отворањето на косовското небо,  минатата година сообраќајот над Македонија е зголемен за 54 проценти, а споредено со таа година оваа година имаме проектирано три до четири проценти  пораст кои се реализираат. Се движиме во нагорна линија во однос на авиосообраќајот благодарение на нови концепти кои следат, како заклучоци од денешниот работен ден ќе има и зголемување на тие проценти, изјави Јандреоски.

Се надеваме, додаде тој, дека со една иницијатива поттикната од Агенцијата, а поддржана од регионалните канцеларии на агенциите, ќе се отвораат нови воздушни линии кои ќе поминуваат низ македонското небо, така што интензивно се работи на подобрување на перформансите на агенцијата и на  провајдерот. 

Поздравувајќи ја успешната организација на состанокот во Скопје, директорот на Еуроконтрол Франк Бренер, посочи дека, во Македонија и во регионот има значителен пораст на сообраќајот во последните години. 

- Македонија е земја членка на Еуроконтрол од 1998 година. Кога гледаме колку брилијантно се разви  воздухопловството, можеме да констатираме дека, дека вкупниот број на движење на воздухопловите во 2014 година се искачи за 30 проценти  на повеќе од 140.000 летови годишно, изјави Бренер.

Регионалната соработка на националните власти и на контролите на летање, додаде тој, е од големо значење за развојот на цивилното воздухопловство.

- Ефективната соработка и ефикасното управување со воздушниот собраќај не може да се постигне само на национално ниво, туку помеѓу сите држави што неодамна многу јасно се докажа со воведување  во воздушниот простор со слободи линии во областа на Сараево, Загреб и Белград. Од нас професиналците во воздухопловството зависи да обезбедиме подиректни линии, патниците да патуваат побргу, воздухопловите да согоруваат помалку гориво и да  заштедуват пари, рече Бренер.

Еуроконтрол, укажа, како менаџер на мрежата  не само на членките на ЕУ туку на сите држави во Европа и оваа паневропска соработка е од огромно значење  особено за подобрување на перформансите кои се потребни во цела Европа. Еуроконтрол игра главна улога во постигнувањето на целите, е да продолжи да им помага на земјите кои не се членки во тоа да имаат улога во начинот на кој ќе се развива иднината на еврпското управување со водушниот сообраќај. 

Состанокот на домашните и меѓународни воздухопловни власти на земјите од Балканот и пошироко, предизвика исклучително голем интерескај  преставниците на македонските медиуми.

Медиумска покриеност:

MRT

СИТЕЛ

КАНАЛ5

 

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika