Вести

  • |

03.09.2015


АЦВ со техничка поддршка на Европската комисија, ќе бидат домаќини на 4 регионални работилници и една експертска мисија за обука на воздухопловниот кадар од земјава и регионот


Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија со техничка поддршка на Европската комисија, ќе бидат домаќини на 4 регионални работилници и една експертска мисија за обука на воздухопловниот кадар од земјите од регионот, но и за квалификувана едукација на преставниците на сите релевантни субјекти на македонскиот воздухопловен сектор.  

Работилниците, кои ќе се одржат во периодот од ноември до декември 2015 година,  ќе бидат посветени на едукација на воздухопловниот кадар, во делот на  ЕУ регулативите за пловидбеност, за обезбедување на цивилното воздухопловство, за летaчката оператива и истражувањето на несреќи и инциденти во воздухопловството.Една експертска мисија, пак, ќе биде посветена на проценка на сообразноста на националните прописи со ЕУ регулативите во областа на цивилното воздухопловство.

Агенцијата за цивилно воздухопловство, поднесе 5 апликации за одобрување на техничка помош до Европската комисија за одржување работилници и организирање на експертска мисија и истите и беа одобрени во целост.

Целта на овие едукативни состаноци е, запознавање на воздухопловните власти во земјава и регионот, како и на сите заинтересирани страни од воздухопловниот сектор во Република Македонија, со главните аспекти на регулативите на ЕУ во сверата на воздухопловството, кои треба да обезбедат поддршка во спроведувањето на регулативите во Република Македонија, но и да ги зајакнат капацитетите на функционирањето на  македонскиот регулатор на цивилното воздухопловство.

 Регионалниот аспект пак на работилниците, претставува солидна основа за соработка и размена на искуства и ставови со колегите од цивилните воздухопловни власти од регионот, во насока на размена на искуства, знаења на сите сите чинители на воздухопловниот сектор

 

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika