Вести

  • |

16.09.2015


Директорот на АЦВ Јандреоски оствари средба со претставници на Француските воздухопловни власти


Соработка со Дирекцијата за цивилно воздухопловство на Република Франција

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство м-р Горан Јандреоски, денеска (16.09.2015) година, во Скопје освари средба со г дин Франк Жиро, директор за соработка во Дирекцијата за цивилно воздухопловство на Република Франција  како и со  г- ѓа Корин Примојс, проект менаџер од францускиот  центар за обука на воздухопловни кадри ЕНАК.

На состанот, тројцата соговорници, ја разгледаа можноста за воспоставување соработка меѓу Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија и овие две воздухопловни институции, за реализација на серија на обуки на македонскиот воздухопловен кадар, од различен тип. Едукацијата би се реализирала под целосна финансиска, техничка и кадровска поддршка на Дирекцијата за цивилно воздухопловство на Република Франција  и францускиот  центар за обука на воздухопловни кадри ЕНАК.

Заблагодарувајќи се на понудената можност за доедукација на македонскиот воздуховен кадар под покровителство на француските воздухопловни власти, директорот на АЦВ, г дин Јандреоски, нагласи дека, како регулатор на воздухоплованта индустрија во земјава, максимално ќе ја искори ваквата можност, која значи, зајакнување на капацитетите на Агенцијата, но и подигнување на перформансите врз кои се темели  македонското воздухопловство, јасно профилирано и во согласност со високите европски стандарди.   

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika