Вести

  • |

13.05.2016


Основна обука за воздухопловна медицина, во организација на ЈЗУ ГОБ 8-МИ СЕПТЕМВРИ – СКОПЈЕ, акредитирана институција од АЦВ


Од понеделник 16.05 до 21.05 2016 година, за прв пат, во Скопје, ќе се одржи Основна обука за воздухопловна медицина, во организација на  ЈЗУ ГОБ 8-МИ СЕПТЕМВРИ – СКОПЈЕ. Обуката е акредитирана од АЦВ, согласно позитивните законски прописи во земјава од оваа област.

 Обуката, ќе ја посетат 24 лица- лекари, психолози како и  медицински персонал од повеќе здравствени установи во земјава.

Предавањата ќе ги реализираат еминентни стручни лица од сверата на воздухопловната медицина од Хрватска и Србија, како и врвни специјалисти од повеќе области од ЈЗУ ГОБ 8-МИ СЕПТЕМВРИ – СКОПЈЕ, клиниката за хематологија.

Обуката, на високо стручниот медицински персонал и психолозите, ќе им овозможи стекнување широк спектар на искуства и нови знаења во нивната понатамошна работа со воздухопловниот кадар во земјава.

По завршувањето на стручното оспособување, посетителите, ќе се стекнат со Потврда за завршена Основна обука за медицинска селекција и надзор  на уверенија на персонал за летање, со што практично, за релативно краток временски период, голем број обучени лекари, психолози и медицински персонал, ќе се вбројат во графата на високо стручно обучени кадри, подготвени да одговорат на исклучително сложените задачи, како драгоцена и неопходна карика во подготовката на пилотите и другиот стручен персонал на воздухопловната индустрија, за квалитетно и долготрајно извршување на нивните летачки задачи.

Агенцијата за цивилно воздухопловско, пак во делот на своите регулаторни надлежности кои значат високо стручна, сертификацијата на лекари и здравствени установи, првични и стручни лекарски прегледи, како и континуиран инспекциски надзор на медицинските служби на аеродромите, и натаму останува доследна на својата визија, мисија и стратешки цели, обезбедување европски профилирано модерно, современо, сигурно и безбедно воздухопловство во интерес на патувачката јавност и сите чинители на воздухопловната индустрија.

 

 

 

 

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika