Вести

  • |

14.06.2016


Јавен Повик


                                                   Ј А В Е Н      П О В И К

 

Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија ги повикува сите заинтересирани граѓани,  да се вклучат во ЈАВНАТА ДЕБАТА, посветена на изготвувањето на новиот правен акт “Уредба за условите под кои воздухоплов без екипаж може да лета во македонскиот воздушен простор”, која на 21 јуни(вторник) во 10.00ч, ќе се одржи во Меморијалниот центар Никола Кљусев, во Скопје.

Целта на јавната дебата, е да се приберат, што е можно повеќе информации, предлози и сугести од сите чинители на воздухопловната индустрија во земјава, но и од целокупната јавност, како би можеле квалитетно и оперативно да изготвиме правна регулатива, која ќе овозможи безбедно оперирање со воздухоплов без екипаж во македонскиот воздушен простор. Сето ова, во функција на безбедноста во воздушниот сообраќај, заштитата на имотот и лицата, заштита на нивната приватност...

Постапувајќи по задолжение од Владата на Република Македонија, за  регулација на  условите под кои воздухоплов без екипаж може да лета во македонскиот воздушен простор, Агенцијата за цивилно воздухопловство, започна со изготвување на нов правен акт, кој е во  согласност со позитивното домашно законодавство, врз основа на меѓународните искуства, стекнати на официјални состаноци организирани од меѓународните воздухопловни организации (EASA - European Aviation Safety Agency, ICAO - International Civil Aviation Organization, EUROCONTROL и т.н), но и како и резултат на размената на информации со воздухопловните власти од регионот и ЕУ.

Сугестиите, предлозите и мислењата добиени низ Јавната дебата, пак, ќе бидат од исклучително висок интерес за АЦВ како надлежно регуаторно тело на цивилното воздухопловство во земјава, во поставувањето на темелите на правниот акт, кој ќе овозможи квалитетно, безбедно, фунционално и регулирано користење на воздухоплов без екипаж во македонскиот воздушен простор 

Сите заинтересирани лица за вклучување во Јавната дебата, ги Молиме своето присутво да го најават на нашиот контакт телефон 02/3181603 најдоцна до 20.06.2016г до 16:00ч или на e-mail info@caa.gov.mk.

 

Со почит,

Агенција за цивилно воздухопловство на Република Македонија

 

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika