Вести

  • |

11.07.2016


Г ѓа Маја Иванова на прослава на јубилеј на ИКАО


Агенцијата за цивилно воздухопловство претставувана од  Маја Иванова, Координатор на кабинетот на Директорот на АЦВ, присуствуваше на одбележувањето на 70 годишнината од постоењето на европската и северноатланската канцеларија на ИКАО, со седиште во Париз.

На чествувањето на овој значаен Јубилеј за меѓународното цивилно воздухопловство, присуствуваа регионалниот директор на Европската и северноатланската канцеларија на ИKАО - International Civil Aviation Organisation,   г дин Луис Фонсека де Алмеида, Генералниот секретар на ИКАО,  г ѓа Фанг Лиу, претседателот на Советот на ИКАО, г дин Олимујиа Бенард Алиу, како и голем број други високи преставници на европската и светска воздухопловна индустрија.

ИКАО, како Меѓународна организација за цивилно воздухопловство на Обединетите нации, во која членуваат 190 земји, е формирана за време на Чикашката конференција за цивилно воздухопловство на 7 декември 1944 година во Чикаго.

Македонија пак како држава, стана членка на организацијата, на 3 јануари, 1993 година, со прифаќање на Меѓународната конвенција за цивилно воздухопловство (Чикашка Конвенција) согласно Уставниот закон од 1991 година.

Седиштето на ИКАО, чија основна задача е обезбедување сигурно, безбедно, редовно и ефикасно меѓународно цивилно воздухопловство, темелено врз принципот на еднаквост и рамноправност на сите чинители во воздушниот сообраќај, е во Монтреал, Канада.

 

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika