Вести

  • |

26.08.2016


Под покровителство на АЦВ, М-НАВ и ЕУРОКОНТРОЛ потпишаа Договор за наплата на терминални услуги


Претставници на Европската организација за безбедност и воздушна пловидба „Еуроконтрол“ и на Македонската агенција за воздухопловна навигација „М-Нав“ во Охрид потпишаа Договор за меѓусебна соработка во делот на наплатата на терминалните надоместоци.

Според директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, Горан Јандроески, потпишувањето на Договорот е резултат на активностите што Агенцијата заедно со Министерството за транспорт и врски ги спроведува за унапредување на соработката на македонските и европските институции задолжени за областа на цивилната воздушна пловодба.

- Нашата соработка со „Еуроконтрол“ е мошне интензивна. Вакви проекти ќе следат и во иднина, се со цел унапредување на индустријата во Република Македонија, рече Јандреовски. 

Генералниот директор на „Еуроконтрол“ Франк Бренер, пак нагласи дека за Република Македонија, како една од 41-те членки на Европската организација за навигациски услуги, со потпишаниот договор ќе добие олеснета и ефикасна деловна комуникација со корисниците на услугите што ги дава Агенцијата, истовремено олеснувајќи ги соодветните административни процедури за самите клиенти.

„Еуроконтрол“ преку Канцеларијата за наплата на прелети ќе врши наплата на надоместоците за терминалните услуги во корист на давателот на услугите, во случајот македонската навигација. Секако нашата улога тука е помош во наплатата на дадените услуги за сите наши членки, така што даваталите на услуги во иднина нема да мораат да се грижат околу наплатата на терминалните надоместоци. Сите средства собрани од наплатата на надоместоците потоа се префрлаат на давателот на услугите за користење на воздушниот простор, рече Бренер, нагласувајќи дека денеска потпишаниот договор е само логична последица на интензивната и одлична деловна соработка на „Еуроконтрол“ и Македонската агенција за цивилна воздухопловна навигација.

Потпишувањето на овој договор како што појасни Живко Попоски, претседател на Управниот одбор на „М-Нав“,претставува континуитет во соработката на двете институции во прибирањето и наплатата на средствата за дадените услуги, бидејќи 90 проценти од средствата наплатени од прелетите се опфатени со претходните договори.

- Сега финансиските трансакции ќе бидат многу побезбедни од многу аспекти. Автоматски се ослободуваат клиентите од носење пари во готово, сите средства ќе се трансферираат преку сметка, што значи олеснето, транспарентно, побезбедно деловно работење и секако поефикасна наплата, рече Попоски.

Линк за Галерија

 

 

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika