Вести

  • |

15.09.2016


Директорот на АЦВ Јандреоски и посака добредојде на новата генерација студенти на ФЕИТ


 

 

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Горан Јандреоски, денеска на покана на деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје (ФЕИТ), професор д-р Димитар Ташковски, присуствуваше на првиот академски час на новата генерација студенти во  учебната  2016/2017 година.

Посакувајќи им успех во понатамошните студентски денови, Јандреоски, како некогашен студент на ФЕИТ, а сега успешен академски граѓанин, на своите млади колеги им порача:

„Во животот имате два начини за успех: сами да се обидете да одите по патот со многу пречки и проблеми или да ги слушате професорите и најблиските кои ќе Ви дадат смерници за успешен пат. Јас се гордеам што сум бил студент на ФЕИТ. Тука ја стекнав основата со овие професори околу Вас“, речe Јандреоски

Посакуваќи им добредојде на новите студенти, деканот на ФЕИТ, професор д-р Димитар Ташковски, им предочи дека, тие се на почеток на нивната животна етапа. Престојат четири години каде треба да грабите знаење и искуство, да создавате пријателства, да се докажувате и да се себеисполнувате. Ние како факултет максимално ќе Ви помогнеме во вашата себереализација“,подвлече Ташковски.

Во својот говор пред студентите, деканот јавно се заблагодари на досегашната деканатска управа и на професорите, демонстраторите и асистентите за создавањето позитивен имиџ на ФЕИТ како квалитетна високо-образовна установа.

 „Постои една мисла која многу експлицитно го опишува нашиот факултет: Еднаш ФЕИТ, засекогаш ФЕИТ. Се надевам и Вие многу бргу ќе го стекнете ова чувство кое го живеат сите  што биле или се дел од оваа институција, и ќе ја продолжите убавата приказна поврзана со ФЕИТ.Нашето семејство на електроинженери постојано расте“, рече Ташковски.

 Тој им укажа на бруцошите дека многу нивни колеги веќе се на високи работни позиции во светот, а дека тоа ја создава вредноста на ФЕИТ како факултет кој продуцира стручен и квалитетен кадар.

 

 

 

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika