Вести

  • |

15.09.2016


Поддршка од собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија за измени на финансискиот план на АЦВ


Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија (АЦВ) предлага да го зголеми финансискиот план за годинава за 1,16 проценти, од 166.550.000 денари на  168.479.000 денари.

Измените на финансискиот план што денеска ги прифати матичната собраниска Комисија, според директорот на АЦВ Горан Јандреоски, меѓу другото, се за обуки и едукации на вработените за да се отстранат забелешките од меѓународните организации дека дел од кадарот нема одредени компетенции. Светската организација за цивилно воздухопловство, како што појасни, врши постојан надзор на забелешките од минатите години во цивилното  воздухопловство во Македонија. По последната во 2009  година, од вчера е почната инспекција, а ќе продолжи и во октомври.

Според Јандреоски, зголемени се и меѓународните активности  и соработката со регулаторните воздухопловни власти од регионот, наметната е потреба од Европската комисија за предавање план за подобрување на перформансите при давање услуги од областа на навигација и за изработка национална програма за безбедност обврска од ИКАО анекс 19 документот.

- За овие цели се  искористуваат зголемени приходи од 2016 година од 1.920.000 денари, што е зголемување  на финансискиот план за 1,16 проценти и релокација на средства со намалување трошоци и постапки врз основа на следење  и анализирање остварени трошоци до јули годинава и потребите до крај на годинава, рече Јандреоски пред Комисијата за транспорт, врски и екологија.

На седницата на Комисијата без расправа беше прифатен и Извештајот за реализација на Годишната програма за работа и развој на АЦВ за 2015 година, за кој позитивно мислење дала и Владата.

Извештајот покажува дека АЦВ лани остварила приходи од 156.132.419 денари, за шест проценти помалку од 2014 година. За 4,3 проценти се зголемени расходите кои изнесувале 135.648.504 денари. Остварената добивка пред оданочување на АЦВ изнесува 20.483.915 денари.

- Во 2015 година евидентен е порастот на бројот на патници од милион со тенденција до два милиона, што е резултат на активностите што се спроведени од страна на Владата  со поддршка на Собранието и сите измени во регулативите поддржани од Агенцијата за цивилно воздухопловство, рече Јандреоски.

Лани, како што информира, се одржани 270 обуки за едукација на кадарот, потпишани се спогодби за едукација со сингапурската и корејската академија за воздухопловство поддржани од Светската организација за воздухопловство.

- Како регулаторно тело и во 2016 година ќе  продолжиме со интензирање на меѓународните активности и активностите за надзор на индустријата бидејќи наше мото е безбедност во воздухопловството. Работевме на интензивирање на преговори со повеќе светски авиокомпании за одобрување и мотивирање да летаат од нашите два аеродорма, а бевме и иницијатори на активностите за потпишување на договорот меѓу М-НАВ и Еуроконтрол за наплата на терминалните услуги, рече Јандреоски

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika