Вести

  • |

27.11.2017


Мултилатералната Спогодба меѓу Европската заедница и нејзините земји членки ќе стапи на сила на 1 декември 2017 та година


Мултилатералната Спогодба меѓу Европската заедница и нејзините земји членки, Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Бугарија, Република Хрватска, Република Македонија, Република Исланд, Република Црна Гора, Кралството Норвешка, Романија, Република Србија и Мисијата на Обединетите нации за привремена администрација на Косово за основање на Европската заедничка воздухопловна област (ЕЗВО), ќе влезе во сила на 1.12.2017 година. Со влегувањето во сила на оваа спогодба станува апликативна Регулатива (ЕЗ) бр. 1008/2008 на Европскиот парламент и на Советот од 24 септември 2008 година за заедничките правила за вршење на воздухопловните услуги во заедницата во делот на пристапот до линии, со што се овозможува либерализација на третата и четвртата слобода за сите авиопревозници од земји членки на ЕЗВО.

  • CAA Macedonia
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika