Вести

  • |

07.09.2017


Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, доби Сертификат “На Претседателот на Советот на ИКАО” од Меѓународната организација за цивилно воздухопловство


Првиот човек на Советот на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) г дин Олимујива Алиу, денеска во Скопје, во присуство на Директорот на Регионалната Канцеларија на ИКАО EURO/NAT (ICAO), г дин Фонсека де Алмеида, на директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, Горан Јандреоски му врачи сертификат “На Претседателот на Советот на ИКАО.

Сертификатот преставува највисоко признание за Република Македонија, како земја членка од регионите на ИКАО, кои што имаат постигнато значителен прогрес во подобрувањето на ефективната имплементација на стандардите и препорачаните практики на оваа меѓународна организација. Ова високо признание за Република Македонија преставува дополнителен основ, но и мотив повеќе за континуиран и сестран напредок во сферата на цивилно воздухопловство. Постигнатиот напредок се утврдува врз основа на резултатите од пристапот за постојано следење на Универзалната програма на ICAO за ревизија на надзорот на безбедност (USOAP CMA).

Изразувајќи задоволство од постигнатиот напредок на Агенцијата за цивилно воздухопловство во развојот и подигнувањето на перформансите во обезбедувањето, брз, ефикасен, безбеден и европски профилиран воздушен сообраќај, претседателот на Советот на ИКАО, Алиу, порача дека ИКАО е организација која го следи напредокот на сите свои земји членки, во  рамките на иницијативата “Ниту една земја не е изоставена”.

 Сакам да им честитам на Агенцијата за цивилно воздухопловство и Владата на Република Македонија, за постигнатите резултати во цивилното воздухопловство”, рече Алиу.

И Директорот на Регионалната канцеларија на ИКАО, Алмеида, посочи, дека ИКАО, реализира висок степен на соработка со своите земји членки, со кои на вакви блиски средби, успешно ги презентира визиите кои организацијата ги има за развојот на цивилното воздухопловство, но е отворена и за размислувањата кои ги имаат земјите членки, за достигнување на истите цели.

-Тоа што Македонија го има постигнато во развојот на цивилното воздухопловство преставува голем успех, за што денеска и беше доделен овој значаен Сертификат, потврди по средбата првиот човек на регионалната канцеларија на ИКАО, Алмеида

Инаку, овој сертификат се издава еднаш годишно, на земјите членки на ИКАО, кои што имаат значаен напредок во сферата на безбедноста  на цивилното воздухопловство, со цел да им се оддаде признание за земјите, кои што ги исполниле поставените критериуми во претходната година.

ЛИНК ДО ВЕСТИ ОБЈАВЕНИ НА WEB СТРАНАТА НА ИКАО

 

  • CAA Macedonia
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika