Вести

  • |

23.03.2018


Работна средба меѓу директорите на Академијата за воздухопловство на Сингапур и на Агенцијата за цивилно воздухопловство на РМ, Мајкл Лим и Горан Јандреоски.


Во Агенцијата за цивилно воздухопловство, денеска (22.03.2017 година) се одржа, работна средба меѓу директорите на Академијата за воздухопловство на Сингапур и на Агенцијата за цивилно воздухопловство на РМ, Мајкл Лим и Горан Јандреоски.

На средбата двајцата соговорници уште еднаш ја реафирмираа исклучително квалитетната соработка меѓу двете институции, како и високиот степен на поддршка која Сингапурската академија, во изминатите неколку години и ја дава на АЦВ. во делот на едукацијата и подигнувањето на квалитетот на знаења на  вработените во Агенцијата.

Заблагодарувајќи се на поддршката која воздухопловните власти на Сингапур, преку Академијата и ја даваат на Македонија, директорот на АЦВ, Јандреоски, потенцираше дека, Агенција за цивилно воздухопловство е целосно посветена да ја оправда довербата и максимално е подготвена да одговори на предизвикот, кој значи,  давање на квалитетни услуги, и овозможување сигурен и безбеден воздушен сообраќај, на задоволство на воздухопловната индустрија и патувачката јавност

Обуките кои ги реализира Сингапурската Академија, од областа на воздухопловната безбедност, навигацијата, воздухопловното обезбедување, како и другите области кои се од исклучително значење за развојот на македонското цивилно воздухопловство, се дел од неодамна потпишаниот годишен Меморандум за соработка со АЦВ, за обезбедување обуки во областа на воздухопловството, како потврда на посветеноста на Сингапур за меѓународен напредок на цивилното воздухопловство и поддршка на иницијативата на ИКАО “Ниту една земја не е изоставена“.

 

  • CAA Macedonia
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika