Вести

  • |

15.01.2019


Средба на директорот Тунтев со г-дин Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија


Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, д-р Томислав Тунтев, денеска оствари работна средба со генералниот директор на ТАВ Македонија, г-дин Алпер Ерсој.

На средбата двајцата соговорници изразија целосна подготвеност за продолжување на плодната и успешна соработка помеѓу воздухопловниот регулатор и аеродромскиот оператор, во насока на подигнување на нивото на безбедноста на сообраќајот во националниот воздухопловен транспортен систем. Тунтев го информира Ерсој за текот и степенот на реализација на постапката за донесување на измените и дополнувањата на Законот за воздухопловство, со кои ќе се обезбеди усогласување на македонската воздухопловна легислатива со најновите меѓународни воздухопловни стандарди и препорачани практики, кои произлегуваат како обврска од Мултилатералната Спогодба за Европска заедничка воздухопловна област и Чикашката конвенција на ИКАО.

Тунтев и Ерсој, меѓу другото, се осврнаа и на потребите од регулирање и усогласување на одредени конкретни прашања и потреби од сферата на преземање мерки и активности за постапување против незаконски дејства на аеродромите, соработка на воздухопловните сегменти и функционални системи што се инволвирани во одвивањето на воздушниот сообраќај на аеродромите, заедничките заложби за овозможување услови за континуиран пораст на физичкиот обем на сообраќајот, како и неопходноста од исполнување на сите преземени обврски кон релевантните меѓународни организации и институции од областа на воздушниот сообраќај и транспорт.

Двајцата соговорници го изразија своето  нескриено задоволство и позитивните видувања во врска со завчерашното  потпишување на договорот со нискобуџетниот превозник Виз Ер, кој ќе овозможи дополнително зголемување на бројот на превезени патници и операции на воздухоплови на двете наши воздухопловни пристаништа, но истовремено и ќе го прошири спектарот на можности за патување по поволни и прифатливи цени до поголем број атрактивни европски и светски дестинации.

Првите луѓе на Агенцијата за цивилно воздухопловство и на ТАВ Македонија ги потврдија заедничките заложби за понатамошно продлабочување на соработката меѓу двете институции во рамки на законски утврдените надлежности, кои треба да овозможат современи, безбедни, сигурни, уредни и редовни аеродромски услуги. Тоа се однесува и на воздушните превозници, како директни корисници на услугите на аеродромскиот оператор, и на патниците, со доследно почитување на нивните меѓународно загарантирани права.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika