Вести

  • |

22.01.2019


Средба на директорот Тунтев со г-ѓа Арикан, директорката на Туркиш Ерлајнс во Македонија



Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, д-р Томислав Тунтев, вчера оствари работна средба со г-ѓа Пинар Ајваз Арикан, Генерален директор на Туркиш Ерлајнс во Македонија.

На состанокот, Тунтев ја  истакната подготвеноста и детерминираноста на националните цивилни воздухопловни власти за интензивирање на меѓусебната соработка со сите сегменти во воздухопловниот транспортен систем во државата, меѓу кои значајно место заземаат редовните воздушни превозници. Едновремено, директорот Тунтев ја потенцираше и улогата на АЦВ во процесите на континуирано подигнување на нивото на безбедноста на воздушниот сообраќај и унапредување на националниот воздухопловен транспортен систем.

Директорката Арикан го информира директорот Тунтев за актуелните активностите и достигнувања на турскиот национален воздушен превозник во авиобизнисот, за оперативните предизвици со отворањето на новиот аеродром во Истамбул, како и за идните развојни планови на компанијата.

Арикан и Тунтев, взаемно изразија задоволството од позицијата на Туркиш Ерлајнс, кој моментално оперира од скопскиот аеродром со два лета дневно за Истамбул, и со тоа практично, се вбројува во листата на најзначајни партнери во сферата на авиоиндустријата во Македонија.

Соговорниците, меѓу другото, се осврнаа на можностите за продлабочување на соработката со релевантните институции во областа на развојот на туризмот, на заедничките заложби за создавање на оптимални технички и оперативни услови за континуиран пораст на бројот на операциите на воздухоплови, како и за идните можности за континуирано зголемување, унапредување и развој на воздухопловните транспортни капацитети.

Првите луѓе од Агенцијата за цивилно воздухопловство и од Туркиш Ерлајнс во Македонија изразија целосна подготвеност за интензивирање на меѓусебната комуникација во насока на заедничко олеснување и поддршка на развојот на одредени функционални елементи во глобалниот транспортен систем, како и споделување на позитивни искуства и применети практики во сферата на нивниот понатамошен развој.

 

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika