Вести

  • |

16.01.2019


Средба на директорот Тунтев со извршните директори на М-НАВ, Тасески и Салмани


Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, д-р Томислав Тунтев оствари работна средба со претседателот на Управниот одбор во М-НАВ и извршен директор на СВН, г-дин Николче Тасески, и со извршниот директор за финансиски и правни работи, развој и инвестиции на СВН, г-дин Миѓен Салмани.

На средбата беше изразена целосна подготвеност од двете страни за продолжување на меѓусебната соработка меѓу воздухопловниот регулатор и давателот на навигациски услуги, во насока на подигнување на нивото на безбедноста на воздушниот сообраќај и унапредување на националниот воздухопловен транспортен систем.

Тунтев ги информира колегите од М-НАВ за постапката за донесување на измените и дополнувањата на Законот за воздухопловство, со кои ќе се обезбеди усогласување на националната воздухопловна легислатива со најновите меѓународни воздухопловни стандарди и препорачани практики.

Соговорниците, меѓу другото, се осврнаа на потребите од зацврстување на меѓусебната соработка на сите сегменти и функционални системи што се инволвирани во одвивањето на воздушниот сообраќај во државата, на заедничките заложби за овозможување на технички и оперативни  услови за континуиран пораст на бројот на операциите на воздухоплови на македонското небо, како и неопходноста од навремено исполнување на сите обврски кон релевантните меѓународни организации и институции од областа на воздушниот сообраќај и транспорт.

Првите луѓе од Агенцијата за цивилно воздухопловство и од М-НАВ ги потврдија заедничките заложби за понатамошно продлабочување на соработката меѓу двете институции во рамки на законски утврдените надлежности, кои треба да овозможат давање на современи, безбедни, ефикасни и редовни услуги во системот на воздухопловната навигација. Исто така, беше истакната неопходноста од заеднички, координиран и усогласен настап и активно учество на двете национални институции во рамки на актуелните иницијативи, проекти и развојни програми на меѓународните воздухопловни организации, што ќе придонесе македонскиот воздухопловен транспортен систем да го задржи чекорот во интегративните оперативни процеси на Единственото европско небо.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika