Вести

  • |

19.02.2019


Презентација на новата Политика за поддршка на земјите члeнки на EUROCONTROL пред преставниците на АЦВ, М НАВ И ТАВ Македонија во Скопје


Презентација на новата Политика за поддршка на земјите члeнки на EUROCONTROL, (Support to States (STS) Policy), беше тема на дискусија на вчерашниот работен состанок  во Агенцијата за цивилно воздухопловство, на кој присуствуваа, претставници на М-НАВ, ТАВ Македонија и високите гостите од EUROCONTROL, г. Жералд Амар (Mr. Gerald Amar) и г. Олександр Лемешкин (Mr. Oleksandr Lemeshkin).

Програмата, како што беше истакнато на состанокот, има за цел, на земјите членки на организацијата да им озвозможи, стручна јасно профилирана помош, креирана врз нивните потреби и со однапред прецизирани разултати од имплементацијата на истата. Новата политика на EUROCONTROL, превидува и следење на напредокот кој земјите ќе го постигнуваат преку обезбедената помош, врз основа на објективни критериуми.

Гостите од EUROCONTROL, пред присутните, уште еднаш ја потенцираа важноста на новата Политика, чија главна цел, е подобрување на ефикасноста на работа и развој на земјите, низ процес на давање на т.н. прилагодена помош, со јасно структуриран пристап и главен фокус на земјите членки, на кои реално им е потребна таа.

Преставниците на македонската воздухопловна индустрија, низ конструктивна дискусија, излегоа со серија од прашања и предлози, во насока на хармонизацијата на воздухопловниот систем на Република Северна Македонија со барањата и обврските кои произлегуваат од Мултилатералната спогодба за Европска заедничка воздухопловна област, која има има за цел, креирање поквалитетен воздухопловен деловен амбиент, на задоволство на сите чинители на воздухопловната мрежа во Европа.

Новата политика на EUROCONTROL за поддршка на земјите (Support to States (STS) Policy), која во изминатиов период беше одобрена од  Постојаната Комисија на EUROCONTROL, започна да се применува од 1 Јануари 2019 година.

 

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika