Вести

  • |

13.02.2019


Средба на претставници од Агенцијата за цивилно воздухопловство и македонските аероклубови


Во рамки на редовните средби со чинителите во националниот воздушен сообраќајно - транспортен систем, дел од раководниот тим од АЦВ вчера оствари средба со претставници од неколку аероклубови во Македонија.

На средбата беше истакната взаемната подготвеност и детерминираност за интензивирање на меѓусебната соработка во развојот на спортските воздухопловни активности во Македонија. Беше потенцирана улогата и заложбите на АЦВ во процесите на континуирано подигнување на нивото на безбедноста на воздушниот сообраќај и унапредување на воздухопловството во државата.

Гостите информираа за неколку актуелни прашања, проблеми и предизвици со кои се соочуваат аероклубовите при реализација на своите развојни планови и активности. Притоа, беа разгледани можностите за преземање на конкретни мерки во насока на обезбедување на поддршка од страна на АЦВ за создавање на оптимални технички и оперативни услови за континуиран пораст на обемот на спортските воздухопловни активности и специјализираните услуги во авијацијата во нашата држава.

 

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika