Вести

  • |

05.04.2019


Висока делегација на државата Катар во посета на АЦВ


 

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство д- Томислав Тунтев, вчера, оствари средба со висока делегација на амбасадата на Државата Катар во Република Северна Македонија, предводена од неговата екселенција г. Saed Bin Mubarak Al-Hajri.

На средбата, беше побарана поддршка од македонските воздухопловни власти, за кандидатурата на Државата Катар за член во Дел III на Советот на ICAО, на изборите кои ќе се одржат во текот на 40-тото Собрание на oваа меѓународна организација (24 септември-4 октомври 2019).

На состанокот, претставниците на Државата Катар ја потенцираа и  посветеноста на нивната држава на ICAO, неговата мисија, цел и принципи, како и на значењето на воздушниот транспорт кој обезбедува поврзаност на земјите како предуслов за економски развој и независност. Исто така, во кандидатурата беше изразено убедувањето дека Државата Катар може значително да придонесе во изнаоѓањето на решенија на бројните предизвици со кои се соочува меѓународното цивилно воздухопловство

Воедно, на средбата се разговараше и за утврдување на областите за унапредување на соработката помеѓу воздухопловните власти на двете држави, пред се во доменот на стручното оспособување на персоналот во воздухопловството, кое се јавува како предуслов за зајакнување на нивните капацитети со цел спроведување на надзорните функции.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika