Вести

  • |

25.04.2019


Директорот на АЦВ Тунтев се сретна со францускиот амбасадор Тимоние


 

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, др. Томислав Тунтев, оствари средба со амбасадорот на Република Франција во Република Северна Македонија, г. Кристијан Тимоние.

На средбата, двајцата соговорници разговараа за иницијативите за продолжување и унапредување на соработката меѓу воздухопловните власти на двете држави со цел, зајакнување на кадровските потенцијали на Агенцијата за цивилно воздухопловство, преку подигнување на степенот на обученост на вработените низ програмите на Францускиот универзитет за цивилно воздухопловство (ЕНАК). Едновремено, на вработените во Агенцијата за цивилно воздухопловство, би им се отворила и можност за унапредување на знаењата и компетенции преку магистерски студии во EНАК, на кои би им преходела настава за изучување на францускиот јазик, како дополнително олеснување во подготовката за истите.

Амбасадорот Тимоние ја искористи средбата, на директорот Тунтев да му го пренесе и интересот на француските компании за влез на македонскиот авио пазар во делот на подобрувањето на оперативните капацитети на субјектите на воздухопловната индустрија.  Пред се, преку соработка со давателот на услуги на воздухопловна навигација, при реализација на активностите од Проектот за модернизација на системот за контрола на летање на М-НАВ.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika