Вести

  • |

20.05.2019


АЦВ на 1 и 2 јуни со  поддршка за манифестацијата “Охрид трчаТ”  


 

Во духот на современите европски трендови за подигнување на свеста за здрави животни навики и зачувување на животната средина, Агенцијата за цивилно воздухопловство на 1 и 2 јуни годинава, ќе земе активно учество во третата по ред атлетска манифестација “Охрид трчаТ”.

Покрај вклучување со тим од 6 учесници во трката на 5 и 10 километри, Агенцијата за цивилно воздухопловство, на најголемиот атлетски викенд во главниот туристички центар, ќе биде присутна и со свои штандови, на кои учесниците во натпреварот ќе може да се освежат со вода и овошје, и на вториот пункт на градскиот плоштад, сите присутни посетители ќе можат да  бидат дел од промотивните активности институцијата.

Стартот и финишот на трката ќе бидат на градскиот плоштад, а патеката на движење ќе биде низ улиците и стариот дел од градот.на 31 мај пак, ќе биде организирана ноќна рекреативна трка на патеката покрај кејот на охридското езеро.

Агенцијата за цивилно воздухопловство, како институција со сериозна општествено развојна свест, ги дели визијата и целите на организаторот “Охрид трчаТ”, за развој на организираниот спортски туризам во земјава и зајакнување на партнерскиот однос меѓу спортот, заедницата и бизнис секторот. 

За таа, цел, АЦВ, ги повикува и сите носители на позитивен дух и енергија, спортисти и рекреативци, да дојдат во Охрид и да бидат дел од креирањето на концептот за градење општество на здрави генерации и среќни поколенија.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika