Вести

  • |

22.05.2019


АЦВ со серија активности и промотивни материјали на Мај Флај го промовираше јубилејот 75 години ICAO


 

Чествувањето на јубилејот 75 години од постоењето на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), Агенцијата за цивилно воздухопловство, на свој автентичен начин го одбележа со свое присуство на  четвртиот меѓународен собир за воздухопловно моделарство Мај Флај,  кој на 11 и 12 мај, се одржа на спортскиот аеродром Стенковец, во Скопје.

Имено, достојно за одбележување јубилеен роденден, каков што заслужува  меѓународната организација(ICAO), чија членка е земјава веќе 25 години, АЦВ, реализираше серија од промотивни и креативни активности пред присутните на овој спортско рекреативен хепенинг, преку отворениот информативен штанд, на кој вработени во Агенцијата делеа промотивни материјали “75 години ICAO” и споделуваа информации со заинтересираните граѓани од делокругот на своето работење.

Позитивната енергија и спортскиот дух на организаторите за дружење на граѓаните со промоторите на радио-контролирани воздухопловни модели,

Агенцијата за цивилно воздухопловство ги надгради со отвореното ликовно катче резервирано за најмладите посетители.

Во автентичен амбиент и многу забава, децата од најразлична возраст, креираа ликовни творби, со кои, во согласност со поставените критериуми,  можеа да се вклучат и во отворениот конкурс на Агенцијата за цивилно воздухопловство и МОН, на тема “Воздухопловни летала на иднината”.

Агенцијата за цивилно воздухопловство, со својата поддршка на овој значаен воздухопловен спортски настан, уште еднаш покажа високо ниво на општествена свест и одговорност пред своите соработници од  воздухопловната индустрија во земјава, но и пред граѓаните, како важен елемент во градењето концепт на доверба и соработка меѓу институциите и јавноста.

Преку своите промотивни активности, АЦВ, останува доследна на принципот на афирмација на домашното цивилно воздухопловство, како брз, ефикасен, сигурен, економски и еколошки одржлив воздушен транспорт, во согласност со европските правила и стандарди.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika