Вести

  • |

13.05.2019


Директорот на АЦВ Тунтев се сретна со директорот на EUROCONTROL Бренан


Во рамките на работната посета на EUROCONTROL во Брисел, директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, др. Томислав Тунтев, оствари средба со г-дин Емон Бренан, генерален директор на EUROCONTROL. На средбата учествуваа и г-дин Јакопо Присиноти - директор на Network Management, Доналд Хендли - раководител на кабинетот на генералниот директор, г-ѓа Дениз Актуг - висок советник на генералниот директор за меѓународна соработка и г-дин Кенет Томас, раководител на Network Operation Division Management.

Домаќините, на средбата низ сеопфатна презентација ги преставија севкупото работење, активностите и развојните проекти на EUROCONTROL, како единствена европска специјализирана агенција за управување, контрола и безбедност на воздушниот сообраќај.

Директорот Тунтев, од своја страна, детално го запозна највисокиот раководен тим на EUROCONTROL со актуелните деловни активности и идните планови на македонските воздухопловни власти и соработката со субјектите на авиоиндустријата во нашата држава.

Средбата беше искористена за продуктивна и сеопфатна дискусија околу повеќе актуелни разновидни теми од областа на воздушниот сообраќај и транспорт, што се од есенцијално значење за развојот на воздухопловството во Република Северна Македонија. Соговорниците разговараа за порастот на воздушниот сообраќај на македонското небо, зголемувањето на физичкиот обем на сообраќајот на македонските аеродроми, значителната редукција на задоцнувањата на летовите, емисијата на јагленороден диоксид, реалните можности за влез на нови нискобуџетни превозници на македонскиот авиопазар, условите за зголемување на ефикасноста и перформансите на воздухопловните субјекти, потребата од ангажман на образован, искусен и стручен кадар во АЦВ, условите за забрзан развој на охридскиот аеродром во насока на интензивирање на одржлив развој на туризмот во опслужното подрачје на аеродромот, неопходната потреба од проширување на воздухопловните оперативни капацитети на глобално ниво, и сл.

На средбата стана збор и за одобрената стручна, техничка и материјална поддршка на развојот на воздухопловните системи и развојните проекти на македонските воздухопловни субјекти, во рамки на проектот "Support to States" на EUROCONTROL.

Во рамки на посетата беше организирана и презентација на функционирањето на "Оперативната просторија" за управување и контрола на воздушниот сообраќаен проток над европскиот континент во состав на Network Manager, со реален и симулиран визуелен преглед на воздухопловните текови на дневно ниво.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika