Вести

  • |

29.05.2019


На покана на АЦВ состанок со воздухопловните субјекти во земјава


 

Агенцијата за цивилно воздухопловство, продолжува со серијата на состаноци со домашните чинители на воздухопловната индустрија, кои имаат за цел, преку размена на информации, искуства и знаења, да се влијае врз подигнувањето на нивото на безбедност и сигурност во цивилното воздухопловство во земјава.

За таа цел, в петок, 31 мај, на спортскиот аеродром Стенковец во Скопје, на покана на АЦВ, ќе се одржи работна средба со преставници на Аеродромскиот оператор ТАВ Македонија, Давателот на навигациски услуги (М-НАВ), Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Комитетот за истраги, несреќи и сериозни инциденти во воздухопловството (КИНСИВ), како и со членови на спортските, ултралесните и параглајдинг клубовите.

Темите на дискусија на состанокот, ќе бидат насочени кон разгледување на Националната програма за безбедност и изработка на алатката Прифатливо ниво на безбедност, а ќе биде направена и презентација на настаните во изминатата година и заклучоци за истите, презентација на извештајот за безбедност за 2016 и 2017 година, на нови регулативи.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika