Вести

  • |

31.05.2019


Собранието именува нови членовите на Управниот Одбор на АЦВ


Со одлука на Собранието на Република Северна Македонија од 27.05.2019 год., беа избрани членовите на новиот Управен одбор (УО) на Агенцијата за цивилно воздухопловство. Четиригодишниот мандат на досегашните членови на УО истече во април годинава, а изборот на новите беше пролонгиран поради завршување на изборниот процес за претседателските избори.

За претседател на УО, македонското собрание го именува Раим Бајрами, дипломиран инженер за воздушен сообраќај и транспорт, вработен во АЦВ, како советник/инспектор за аеродромски услуги. Бајрами, во своето професионало портфолио, има набележано, 7 годишно работно искуство во сферата на воздухопловството и се има стекнато со голем број на меѓународни сертификати од еминентни европски воздухопловни центри.

Четиригодишниот мандат за членови на УО, собранието им го довери на Мишко Србиновски, дипломиран правник, советник/инспектор за обезбедување на аеродроми во АЦВ, со 20 годишно работно искуство во воздухопловниот сектор, и Весна Доброхотова, магистар на правни науки-насока деловно право, вработена во давателот на навигациски услуги (М-НАВ) на позицијата Раководител на одделение за правни работи, со 25 годишно работно искуство во сферата на цивилното воздухопловство.

Досегашниот управен одбор, денеска, на прва заедничка седница, на која ќе присуствува и директорот на АЦВ, Томислав Тунтев, ќе им ги предаде надлежностите на колегите, кои имаат чест да бидат членови на највисокото раководно тело на Агенцијата, во престојните четири години.

 

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika